Дома Топ вести Во Мадрид имаат идеја: Му нудат размена „глава за глава“ на Баерн Минхен?

Во Мадрид имаат идеја: Му нудат размена „глава за глава“ на Баерн Минхен?

Според информациите на германски „Kicker“, Реал Мадрид би можел да му понди на Баерн Минхен понуда за размена!

Имено, Карим Бензема после заминувањето на Зинедин Зидан започна да се поврзува со заминување од редовите на „кралевите“.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Денешното издание на реномираниот германски медиум пишува дека Реал Мадрид ќе се обиде да го искористи Французинот за да стигне до потписот на Роберт Левандовски.

Поточно, европскиот шампион би можел да му понуди на Баерн размена Бензема – Левандовски.

Од друга страна позната е желбата на Левадовски да го облече дресот на Реал Мадрид, па веројатно за да се случи оваа размена потребно е да се согласи само уште од Баерн.

Полска го заврши својот настап на Мундијалот и им останува да одиграат само уште еден натпревар, додека Бензема не е повикан во француската селекција, па доколку има точност во оваа информација на „Kicker“ конркетните потези би требало да бидат превземени многу брзо.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…