Дома Фудбал Италија Во Италија може да се стопираат сите спортски настани на 30 дена!?

Во Италија може да се стопираат сите спортски настани на 30 дена!?

Во Италија коронавирусот прави големи проблеми во спортот, посебно во фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последен натпревар кој беше одложен е полуфиналето кое требаше да се одигра денес помеѓу Јувентус и Милан. Претходно за викендот беа одложени пет натпревари во Серија А. Интер веќе има два натпревари кои треба да ги одигра, а тоа се со Сампдорија и Јувентус. Не е познато и што ќе се случува за викендот.

Јасно е дека полека простор за одложување натпревари снемува, па во продолжение како најреална опција изгледа играње пред празни трибини, но и тоа не е некое добро решение.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте размислува да ги стопира сите спортски настани во период од 30 дена.

Ако ова навистина се случи не е јасно како и кога ќе се одиграат натпреварите во Серија А кои ќе се одложат. Ќе потсетиме простор скоро и да нема затоа што летово не очекува и Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…