Дома Трансфер зона Во Интер пристигна како „нов Роналдо“ – сега се сели во Кина

Во Интер пристигна како „нов Роналдо“ – сега се сели во Кина

Бразилскиот интернационалец Габриел Барбоса пристигна во Интер како големо засилување, но само после една сезона беше испратен на позајмица во Бенфика.

Габигол не се снајде најдобро ни во Португалија, па сега би можел кариерата да ја продолжи во Кина, потврди неговиот агент. Имено, тој веќе имал средба со челниците на Жиангсу Сунинг и преговарал за позајмица до крајот на сезоната.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Бразилецот не добива голема минутажа во Бенфика и не е задоволен, па сака да ја промени средината. Интер и Жиангсу имаат ист сопственик, па нема да биде проблем брзо да го договорат трансферот.

Киа Јорабчијан сака да го убеди 21-годишниот Бразилец да ја прифати понудата на кинескиот клуб, каде сигурно ќе има голема минутажа.

Габигол во 2016 година за сума од 35 милиони евра пристигна во Интер, но не успеа да се наметне и да го покаже својот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја брка скапата бразилска ѕвезда

Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но засега е дале…