Валтер Сабатини вечерва оддржува неколку состаноци, а во прашање се тројцата фудбалери кои би можеле да ги завршат своите трансфери.
Некогашниот спортски директор на Рома, а сега главен човек за трансфери во редовите на Интер, Валтер Сабатини, вечерва во хотелот има неколку закажани состаноци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беше очи во очи со Алесандро Белтрами, менаџерот на Наинголан, фудбалерот на Рома, со оглед на тоа дека Спалети го сака него во својот тим.
Но, тоа не е се. Сабатини се состанува и со Рамадани, човекот кој е задолжен за Иван Перишиќ и Стеван Јоветиќ, фудбалерите на кои им се заминува од Интер.
Перишиќ би можел да замине во Манчестер Јунајтед, Интер бара 55 милиони евра за него, но дали ќе попушти вечерва останува да се види. Од друга страна пак, Јоветиќ се поврзува со Севиља.
Сепак, постои можност Стеван Јоветиќ да замине и во друг клуб, со оглед на тоа дека за него има доста заинтересирани страни.