Никако Вардар да застане на стабилни нозе, откако едвај ја започнаа сезоната со „скрпен“ тим во последните моменти сега повторно доаѓаат истите проблеми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неизвесно беше дали Вардар ќе го продолжи вториот дел од првенството во ВМФЛ, а сега откако го продолжи по само две кола се враќаат проблемите – нема пари! Долговите кон фудбалерите станале поголеми и фудбалерите заедно со стручниот штаб донеле одлука за штрајк.
За викендот „црвено-црните“ треба да играат со Детонит, но сега натпреварот е доведен под знак прашалник.
На табелата Вардар има ист број на бодови со Воска и Гостивар, меѓутоа јасно е дека во ваква ситуација вардарци тешко ќе останат конкуренти за враќање во ПМФЛ до крајот.
Фото: ФК Вардар