Дома Фудбал Во Барселона за да го купат Гризман земале кредит

Во Барселона за да го купат Гризман земале кредит

За Барселона најголемо засилување во овој преоден рок досега е Антоан Гризман кој пристигна од Атлетико Мадрид.

Со Каталонците се поврзува и Нејмар, но засега тој трансфер се уште е далеку од реализација.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Најголемата причина е што Барселона нема пари, а тоа го потврди и претседателот Хозе Марија Бартомеу.

„Земавме кредит на шест месеци и тоа од 35 милиони евра. Останатата сума во вредност од 85 милиони евра ќе ја надополниме со продажбата на играчи“, изјави Бартомеу.

Дел од медиумите објавуваат и дека оваа изјава на Бартомеу значи и дека нема да има ништо од враќањето на Нејмар.

ПСЖ за Нејмар постави висока цена и единствена опција е да се вклучат играчи во оваа зделка, но тоа е малку веројатно бидејќи во ПСЖ сакаат само пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…