Британскиот весник „Сан“ пишува дека ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез постигнал комплетен договор со Манчестер Јунајтед.
Според информациите на весникот, Хамес и „црвените ѓаволи“ постигнале комплетен договор, па сега останува уште двата клуба да се договорат за трансферната сума.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Хамес не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а негов приоритет беше преселба во Премиер лигата.
Хамес премина на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото на 2014 година по Мундијалот во Бразил. За него „белите“ дадоа 80 милиони евра, а моменталната вредност на Колумбиецот е околу 60 милиони евра.