Дома Фудбал Војна на ѕвездите: Рамос и Пике се „спукаа“ околу судиските грешки!

Војна на ѕвездите: Рамос и Пике се „спукаа“ околу судиските грешки!

Жерард Пике како и сите играчи и навивачи на Баселона со големо внимание го следеше мечот помеѓу Виљареал и Реал Мадрид.

На ѕвездата на Барса не и се допадна судењето, односно одлуката на судијата да покаже на белата точка во корист на Реал Мадрид.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


„Лошото судење доведе да повторно помеѓу овие две екипи да биде осум бода разлика. Скиншотовите се од мадридските медиуми“, напиша на Твитер Пике и публикуваше неколку слики од спорните ситуации.

Меѓутоа брзо стигна одговорот од капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Доколку тоа го кажеше Меси би бил изненаден, а вака не сум воопшто. Сите веќе знаеме дека Пике живее во свет во кој мисли дека се е завера против него“, истакна Рамос и се осврна на судењето.

„Судијата имаше тепка работа, а ние мораме да му ја олесниме. За нас беше иклучително важно да победиме, посевно од ментална страна. Разликите се минимални и ќе биде тесно до самиот крај. Титулата ќе се одлучува во последното коло“, заклучи Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот за засилувањето од Јувентус: Се разочарувам кога ќе видам како прескокнува тренинзи

На Арне Слот му оди одлично во дресот на Ливерпул, но на засилувањето од редовите на Јувен…