Дома Останати Воин македонски: Волкановски против Холовеј три ипол рунди се борел со скршен прст!

Воин македонски: Волкановски против Холовеј три ипол рунди се борел со скршен прст!

Aвстралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ шампионатот до 66 килограми откако го победи Макс Холовеј.

Со оваа победа Волкановски стана само четвртиот борец во историјата што победил на своите први 12 борби во УФЦ. Пред Волкановски тоа им успеа на Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа победа на Волкановски дополнително добива на тежина ако се знае дека утше во втората рунда од борбата го скршил палецот.

„Во втората рунда го скршив палецот, но тоа не ме спречи да продолжам. После операцијата ме чека рехабилитација од 12 недели. Со нетрпение го чекам враќањето, ви благодарам на поддршката“, објави 33-годишниот борец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…