Во денешните натпревари од Втората македонска лига, Беса го победи Тетекс со 4:0 на стадионот во Кичево додека на „Железарница“ Скопје со 1:0 го совлада Осогово.
Тетекс против Беса се држеше половина час, тогаш Фитон Адеми го отвори резултатот, набрзо во листата на стрелци се запиша и Арменд Алими за 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Никако не успеваше Тетекс посериозно да се закани, па така стануваше јасно дека Беса ќе ги освои бодовите од оваа средба. Пред крајот на полувремето Емини зголеми на убедливи 3:0, додека конечните 4:0 ги постави Зани Назифи во завршницата.
Во битката за опстанок Скопје освои важни бодови против Осогово. Голот на одлука го постигна Стојан Попоивски.
На табелата Беса е лидер со 34 бода, пет повеќе од Детони и седум од Пелистер.