Дома Македонски спорт Мак фудбал Влахо: Против Шкендија го одигравме можеби најквалитетниот натпревар

Влахо: Против Шкендија го одигравме можеби најквалитетниот натпревар

Работнички го заокружи првиот круг од шампионатот во Првата фудбалска лига со пораз (2-0) од актуелниот првак Шкендија во Тетово. Но, и покрај тоа, младиот тим на Работнички веројатно на ова гостување го прикажа најквалитетното издание оваа сезона.

„Доживеавме пораз од Шкендија, но ако го погледнеме изданието на тимот во целина, тоа е можеби најквалитетниот меч на Работнички оваа сезона. Има многу позитивни моменти, би сакал да продолжиме со таква игра и на наредните натпревари и верувам дека ќе дојдат многу подобри резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во следното 12. коло, Работнички в сабота ќе му гостува на Борец во Велес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…