Душан Влаховиќ е еден од најбараните напаѓачи во Европа, па се очекува на крајот на сезоната сигурно да ја напушти Фиорентина.




За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите наведуваат дека Влаховиќ веќе ги одбил понудите на Арсенал и Тотенхем.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Влаховиќ нема ни да ги разгледува понудите на клубови кои нема сигурно да играат во Лигата на шампиони следната сезона.




Поради тоа ги одбил Арсенал и Тотенхем, но медиумите пишуваат дека поради тој услов од трката може да отпаднат Барселона и Јувентус.




Овие два клуба во моментов се надвор од Топ 4 во националните првенства и доколку не изборат пласман во ЛШ, сигурно нема да можат да го добијат потписот на Вчаховиќ.