Дома Топ вести Влаховиќ може да го напушти Јувентус

Влаховиќ може да го напушти Јувентус

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.

Меѓутоа, српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус и се вклопи во „сивилото“ на тимот. Наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека силен интерес за Влаховиќ покажуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед и сакаат да го донесат во јануари.

„Црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 50 милиони евра плус Марсијал, кој уште во летото беше на радарот на Јувентус.

Од друга страна ПСЖ е спремен да понуди 85 милиони евра, па останува да се види каква ќе биде одлуката на Јувенттус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…