Шпанската управа за јавни приходи ја заплени куќата на Чилеанецот Алексис Санчез, која ја купил во времето кога играше во Барселона.
Управата за јавни приходи на Шпанија го товари Санчез дека во периодот 2011-2013 година, го оштетил државниот буџет за 3,7 милиони евра. Чилеанецот, овие пари наместо во државниот буџет ги уплаќал на сметката на својата компанија на Малта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека Санчез во име на данок должи 1,9 милиони евра, а остатокот отпаѓа на камати.
Чилеанецот на „Ноу Камп“ пристигна во 2011 од Удинезе, а целиот трансфер изнесуваше 29 милиони евра. Потоа во 2014-та тој од Барса замина во Арсенал за 35 милиони евра.
Најинтересно во овој случај е тоа што куќата во Шпанија Санчез ја поседувал на свое име, нешто што врвните спортисти не го практикуваат, поради што шпанските власти немале проблеми да го наплатат долгот.