Секој пораз на Јувентус предизвикува мал „земјотрес“ така беше и со последниот откако „старата дама“ во натпревар во кој одигра навистина лошо доживеа пораз од Верона.
Иако Јувентус се уште се бори за сите три трофеи во торинскиот клуб се вклучил алармот и според информациите на италијанските медиуми реагирале претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Партичи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ањели има лсостанок со Сари на кој се разговарало за моменталната ситуација во екипата и тоа што мора да се промени. Претседателот на Јувентус бил и во посета на тренинг кампот каде што собрал информации од Павел Недвед и Партичи. До крајот на сезоната под лупа ќе бидат шест играчи.
Миралем Пјаниќ, Блез Матуиди, Федерико Бернардески, Даглас Коста, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин се играчи ки мораат да ја поправат формата, во спротивно клубот ќе се обиде да ги продаде на лето.