Реал лошо ја започна сезоната во Примера, ремизираше во првите два меча на домашен терен, па веќе заостанува 4 бода зад Барселона. Поради тоа мирниот Французин реши дека е време да го крене гласот.
Покрај ремито против Леванте, додатна нервоза кај Зидан создаде и црвениот картон на Марсело, како и повредата на Бензема. Зидан смета дека неговите играчи „летнале во облаци“ после двата трофеи освоени против Барселона и Манчестер Јунајтед.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Разберете дека тоа е минато. Немојте да читате весници и да верувате во се што се пишува, не сте толку добри“, им викал Зидан на играчите, па ги обинил дека имаат комплекс на поголема вредност.
„Не знам од каде ви е идејата дека не мора да се докажувате, ова е нов предизвик, спуштете се на земја, подигнете ја главата, потребна ни е атмосферата која ја имавме минатата сезона. Нема потреба да ги гледате другите тимови, размислувајте само за себе“, викал Зидан.
Шпанските медиуми тврдат дека во таборот на Реал се опуштиле после заминувањето на Нејмар и сметаат дека тоа е ненадоместлива загуба за Барселона.