Дома Фудбал Италија Вистинска војна во Рим: Претседателот ја бара „главата“ на Ди Франческо, а заштитата стигнува од Мончи

Вистинска војна во Рим: Претседателот ја бара „главата“ на Ди Франческо, а заштитата стигнува од Мончи

Очекувањата беа големи, дури и шампионски, но… Тренерот на Рома, Еусебио Ди Франческо, кој важи за еден од најталентираните стратези на „Чизмата“, не направи исчекор во главниот град.

Дури може да се каже дека добива и преодна оценка, со оглед на тоа дека „Волчицата“ моментално се наоѓа на петтата позиција во италијанската Серија А.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според информациите во италијанските медиуми, претседателот на клубот Џејмс Палот е незадоволен од учинокот на некогашниот стратег на Саусоло. Сериозно размислува да му врачи отказ и тоа сигурно ќе го направи ако клубот не се пласира во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, на своја страна тренерот на Рома го има спортскиот директор на клубот Мончи. Шпанецот е убеден дека Ди Франческо работи одлично и дека покрај него можат да се гради тимот за во иднина.

Секако ќе биде интересно да се види што ќе се случи на Олимпико до крајот на сезоната. Моментално, Рома изгледа многу слабо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ремек дело на Деклан Рајс (видео)

Во второто полувреме, Арсенал го декласираше Реал Мадрид со три гола за само неколку минут…