Фудбалерите на Реал Мадрид вчера на свој терен ја победија Барселона со 2:0 во рамките од 26. коло во Ла Лига.
„Кралевите“ во второто полувреме го решија прашањето на победникот со головите на Винисиус Жуниор и Маријано Диаз и така се врати на првото место во Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлучувачкиот момент се случи во 71. минута кога Винисиус Жуниор со помош на Пике ја затресе мрежата на Барселона за 1:0. Бразилецот со овој гол го сруши рекордот на Лионел Меси и стана најмладиот играч во 21. век кој успеал да постигне гол во „Ел Класико“.
Меси го држеше овој рекорд од март 2007 година кога во „Ел Класико“ постигна хет-трик, но сега Винисиус го превзема овој рекорд бидејќи беше 26 дена помлад отколку Меси пред 13 години.