Дома Фудбал Винисиус: Имав понуда и од Барселона, но го послушав срцето!

Винисиус: Имав понуда и од Барселона, но го послушав срцето!

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Винисису Јуниор откри дека додека играл во Фламенго имал понуда и од Барселона.

Винисиус важи за еден од најголемите таленти во светот и шпанските гиганти се бореле за неговиот потпис, но тој избра да се пресели во Реал Мадрид.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Не мислев дека е вистина кога стигна понудата од Реал Мадрид. Мислев дека тоа се обични шпекулации од весниците. Имав понуди од Реал и од Барса. Татко ми ми кажа дека треба да избрем и јас го послушав срцето“, открива младиот Бразилец.

„Кога пристигнав во Реал беше специјален ден за мене и бев многу нервозен. Притоа, Роналдо дојде во Мадрид специјално по тој повод, бев многу среќен. Се гледам себе си во Мадрид и после многу години, сакам да освојам се со овој дрес“, заклучи Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…