Дома Македонски спорт Мак баскет Викендов да се потсетиме и да уживаме: Ќе се емитува документарец за Евробаскетот во Литванија!

Викендов да се потсетиме и да уживаме: Ќе се емитува документарец за Евробаскетот во Литванија!

Овој викенд во две продолженија ќе емитува документарниот филм по повод 10-годишната од освоенто четврто место на македонската кошаркарска репрезентација во Литванија. Филмот ќе се емитува на ТВ 24 во сабота и недела од 20:45 часот.

На денешната промоција документарецот го највија Даниел Димевски, поранешниот селектор Марин Докузовски и македонската кошаркарска легенда Тодор Гечевски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Прво сакам да изразам голема благодарност до креаторите на овој проект. Од тогаш наваму мислам дека спортска Македонија е поразлична, почнаа репрезентативните успеси. Чест ми е што имав прилика да дадам еден мал придонес во овој проект. Овој викенд да се тргнеме од сите актуелни политички настани, кораната и се друго…Да се препуштиме и да уживаме“, изјави Димевски.

Тогашниот селектор, Докузовски откри дека во филмот ќе може да видиме нешто што немавме можност на ТВ екраните.

„Поминаа многу време, 10 години. Малку како и да се подзаборави, им благодарам на луѓето што се сетија на нас. Остана тоа запишан како најголемиот успех на македонскиот спорт. Мило ми е што направен овој документарец во кои има детали од нашите тренинзи и подготовките кои на ТВ екраните не можеа да се видат“, истакна Докузовски.

Тодор Гечевски повика тој успех да биде и мотивација за млдите генерации.

„Благодарен сум на тимот што ја пронајде идејата и што препозна голем проект. Со овој документарец младите ќе можат да видат дека и ние имаме квалитети да правиме големи успеси. Нека биде ова и мотивација за претстојните генерации и да не надминат“, порача Гечевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…