Дома Фудбал Англија Видео: Јунајтед подобар од Сити

Видео: Јунајтед подобар од Сити

Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Сити со 2:0 во контролен меч кој се одигра во Хјустон, САД.

Ова беше прв дуел на градските ривали кој се одигра надвор од Англија, а триумфот на Јунајтед му го обезбедија Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед дуелот со Сити го реши во две минути, кога во периодот од 37. до 39.минута Лукаку и Рашфорд го совладаа новиот голман на „граѓаните“, Едерсон.

Најскапиот фудбалер во досегашниот тек од преодниот рок, Лукаку, голот го постигна по додавањето на Пол Погба, додека Рашфорд во гол ја претвори асистенцијата на Хенрик Мхитаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид не престанува да го обновува својот состав. Летната селекција на „јорганџи…