Раководството на фудбалскиот гигант Јувентус одлучи комплетно да го промени својот грб, а најверните навивачи на торинскиот клуб се огорчени од таквиот потег.
Од Јувентус новиот дизајн на клубот го објавија со зборовите на Џани Ањели: „Се возбудувам секогаш кога во весникот ќе видам збор кој почнува на Ј“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот грб вендаш ќе биде во употреба, освен на дресовите каде ќе остане до следната сезона.
„Новото лого го дефинира чувството на припадност и стил кој ни допушта да го искомуницираме својот начин на постоење“, изјави претседателот Андреа Ањели.
Традиционалниот грб на Јувентус со овален облиг беше дел од клупската историјат готово од самото формирање на клубот.
Исклучок беше само периодот од 1970 до 1989 година кога играчите носеа два различни грба дизајнирани околу славниот бик.
Dal 1897 al 2017. La nostra storia, il nostro futuro. #2beJUVENTUS pic.twitter.com/WceorlriH2
— JuventusFC (@juventusfc) January 16, 2017