Дома Фудбал Италија Видео: Роналдо од пенал ја спаси „старата дама“

Видео: Роналдо од пенал ја спаси „старата дама“

Милан и Јувентус одиграа возбудлив меч во полуфиналето на Купот, кој заврши со резултат 1:1, па во реваншот ќе се решава патникот во финалето.

Пред преполниот „Сан Сиро“ Милан одигра одличен меч, но сепак не беше доволно за победа против актуалниот шампион.

Во првото полувреме главна видовме борба на средината на теренот, со неколку спорадични шанси на двете страни.

Во второто полувреме Милан играше подобро и добрата ја игра ја материјализира со водство преку Анте Ребиќ во 61-та минута.

Десетина минути подоцна „росонерите“ останаа со играч помалку откако судијата му покажа втор жолт картон на Тео Хернандез.

Сепак, Јувентус не можеше да ја искористи бројчаната предност и не создаде ниту една посериозна шанса пред голот на Донарума.

Во 90-та минута судијата покажа на белата точка после играта со рака на Калабрија, а Роналдо беше прецизен од белата точка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бекам се договори со Катарците: Интер Мајами добива 230 милиони долари!

Легендата на англискиот, но и светскиот фудбал, Дејвид Бекам потпиша договор со државата К…