Дома Топ вести Видео: Роналдо бесен на Зидан – зошто јас по ѓаволите!?

Видео: Роналдо бесен на Зидан – зошто јас по ѓаволите!?

Реал Мадрид вчера оствари многу важна победа на гостувањето кај Атлетик Билбао, а натпреварот го одбележа нервозната реакција на Кристиано Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Роналдо не остана воопшто задоволен од одлуката на тренерот Зидан да го замени во 78-та минута од натпреварот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Носителот на „Златната топка“ го поздрави Зидан, но потоа беше фатен од камерите како вика кон клупата: „Зошто јас, по ѓаволите?“.

„Го внесов во игра Иско затоа што сакав средниот ред да го контролира натпреварот до крајот и да внесе смиреност во нашата игра. Роналдо има статус како и секој друг играч во тимот, и може да биде заменет кога јас ќе одлучам во секое време. Може да кажам дека беше среќен по натпреварот затоа што освоивме нови три бода“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вo Барселона испратија прва понуда за Бастони, многу се далеку од цената што ја бара Интер

Гласините поврзани со дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, со можен летен трансфер во…