Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Првенец од првиот удар за Лаутаро, реагираше и ВАР, Интер до трета победа во низа

ВИДЕО: Првенец од првиот удар за Лаутаро, реагираше и ВАР, Интер до трета победа во низа

Фудбалерите на Интер славеа на свој терен против Калјарди во седмото коло од Серија А.

„Нероаѕурите“ го дочекаа Калјарди во седмото коло и на крајот на „Џузепе Меаца“ славеа со 2:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Интер стигна до предност во раната фаза од натпреварот коа Лаутаро Мартинез го постигна својот првенец во Серија А и тоа од неговиот прв удар во лигата.

До крајот на првото полувреме Калјарди можеше да изедначи, се играше 41-та минута кога Марко Сау имаше одлична прилика, но шутираше над голот.

Во продолжение Интер беше подобар ривал на теренот, но не успеваа да создадат изгледа прилика пред голот на гостите, за во 73-тата минута Калјарди да стигне до погодок.

Сепак, веднаш кога гостите тргнаа да го прослават погодокот, главниот судија после консултација со ВАР собата донесе одлука голот да биде поништен поради играње со рака на Десена.

Конечниот резултат го постави Политано во 89-тата минута.

Интер така стигна до третата победа во низа во Серија А и се наоѓата на четвртата позиција на табелата со 13 освоени бодови после седум кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …