Дома Фудбал Италија Видео: Поништен погодок од ВАР и промашен празен гол за Икарди – „нула“ во градското дерби

Видео: Поништен погодок од ВАР и промашен празен гол за Икарди – „нула“ во градското дерби

Иако заврши без погодоци, градското дерби помеѓу Милан и Интер и тоа како беше интересно.

Во првите 45 минути Интер беше нешто поконкретен ривал имаа неколку шанси повеќе од Милан, а најголемата шанса ја имаше Леонардо Бонучи кој шутираше со глава, но Хандановиќ со неверојатна интервенција го одбрани неговиот удар.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вториот дел донесе уште повеќе возбудувања, Перишиќ ја погоди пречката, Кеси имаше шанса за Милан, се обиде и Кутроне. Во периодот кога Милан беше повеќе опасен го видовме и неверојатното промашување на Мауро Икарди.

Донарума имаше добра интервенција после полуконтрата на Перишиќ, а потоа следуваше помирен дел од натпреварот па не видовме погодок. Икарди на оваа средба постигна и погодок на кој се израдува, но истиот неколку моменти подоцна беше поништен од ВАР технологијата.

Во останатите два натпревари Киево и Сасуоло одиграа 1:1, додека Торино со 4:1 го совлада Кротоне.

Во натпреварот кој се одигра нешто порано Беневенто ја победи Верона со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле, Мбапе, Рафиња, Салах: ФИФА ги објави кандидатите за наградата „The Best“

ФИФА ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машка…