Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс турнирот во Синсинати, САД, откако го совлада првиот светски рекет Карлос Алкараз од Шпанија со 2:1 во сетови 5:7, 7:6 (7) и 7:6 (4).
Три часа и 50 минути траеше спектакуларното финале во кое уживаше публиката на трибините и секако фановите ширум светот. Ова беше најдолгиот меч во историјата на турнирот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот шампион (36) сосема заслужено го прослави триумфот во еден од најдобрите и најлудите натпревари досега.
Откако ја освои титулата, падна на теренот. Потоа го прегрна својот голем ривал и со раце ја скина маицата.
Forever a FIGHTER#CincyTennis | @DjokerNole pic.twitter.com/Si2ybIqrQC
— Western & Southern Open (@CincyTennis) August 21, 2023