Во рамките од 10-тото коло во англиската Премиер лига својот натпревар денес го одиграа Манчестер Јунајтед и Евертон.
Жозе Мурињо изгледа си купи нешто подолго време на клупата на Манчестер Јунајтед. „Ѓаволите“ денес го совладаа Евертон и така во последните три натпревари во Премиер лигата имаат две победи, а треба да се потсети дека во минатото коло против Челзи победата ја испуштија во последните секунди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес против Евертон славеа победа од 2:1.
До водство тимот на Мурињо стигна во 27-та минута кога Пол Погба се поправи после нереализираниот пенал.
На самиот старт од вториот дел, Ентони Марсијал погодува за 2:0. Евертон до погодок стигна преку Сигурдсон со удар од белата точка на 13-минути до крајот на натпреварот.
Сепак, во продолжение Јунајтед успеа да ја смири играта и да ја задржи предноста до крајот на натпреварот.