Дома Фудбал Италија Видео: Пандев херој на Џенова, Наполи продолжува да тоне

Видео: Пандев херој на Џенова, Наполи продолжува да тоне

Горан Пандев со својот гол и донесе голема победа над Каљари, додека Наполи доживеа шокантен пораз од Лече на „Сан Паоло“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Џенаро Гатузо продолжува со лошите резултати, откако попладнево беше поразен на домашен терен од Лече.

Наполи подобро го отвори мечот и имаше неколку шанси, па казната стигна преку Лападула во 29-та минута, а со тој резултат се замина на полувреме.

Во второто полувреме домаќините веднаш израмнија преку Милик во 48-та минута и се чинеше дека ќе направат пресврт. Но, Лападула во 61-та минута повторно го шокира „Сан Паоло. Во 82-та минута Манкосу погоди за 1:3, а поразот го ублажи Каљехон.

Џенова оствари важна победа против Каљари и освои големи три бода во битката за опстанок. Херој беше Горан Пандев, кој влезе во игра во 39-та минута и го постигна победничкиот гол 3 минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо за легендарната фризура од 2002 година: Им се извинувам на сите родители…

Во интервју за францускиот L’Equipe, кое го даде за време на Светското првенство, ле…