Дома Видео Видео од 15 секунди: Како фудбалскиот стадион во Дизелдорф беше претворен во ракометна арена 🎥

Видео од 15 секунди: Како фудбалскиот стадион во Дизелдорф беше претворен во ракометна арена 🎥

Денеска македонската репрезентација ќе биде првата која одиграла ракометен натпревар пред повеќе од 50.000 гледачи и тоа на отворањето на Европското првенство во Германија.

Македонија од 18:00 часот ќе игра против Франција во Дизелдорф на стадионот „Меркур Шпиле“ кој беше претворен во ракометна арена. Натпреварот на Македонија се очекува да го гледаат повеќе од 53.000 гледачи. Тоа ќе биде рушење на рекордот кој пред десет години го поставија Хамбург и Рајн-Некар Левен во натпреварот во Манхајм.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Официјалната страна на Европското првенство објави и видео на кое во 15 секунди може да се види како фудбалскиот стадион беше претворен во ракометна арена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Комична сцена во Куманово: Ракометар на Тиквеш го нокаутира судијата!

Ракометниот дуел меѓу Куманово и Тиквеш (27-28) понуди вистинска драма, но овојпат не само…