Дома Фудбал Англија Видео: Нов кикс на Тотенхем, Ливерпул со „петарда“, Евертон се разбуди

Видео: Нов кикс на Тотенхем, Ливерпул со „петарда“, Евертон се разбуди

Четата на Јирген Клоп одигра уште една блескава партија и победи со 5:1 на гости кај Брајтон. Кризата на Тотенхем продолжи, а Евертон конечно почна да реди победи.

За помалку од две минути „црвените“ поведоа со 2:0 со головите на Емре Чан и Фирмињо во 30-та и 32-та минута и со тој резултат се замина на одмор. На почетокот на второто полувреме Барзилецот зголеми на 3:0, а неколку минути подоцна Мари од пенал намали на 3:1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, Ливерпул беше подобар противник па до крајот погоди и Кутињо, а Данк си постигна автогол за конечни 5:1.

Кризата на Тотенхем продолжи, па избраниците на Покетино беше четири меча не знаат за победа. Овој пат одиграа 1:1 против Ватфорд, Кабасел донесе рано водство за домаќините, а Сон пред полувремето го израмни резултатот. „Спарси“во второто полувреме играа со играч помалку после исклучувањето на Санчез.

Во останатите натпревари Евертон го победи Хадерсфилд со 2-0, Лестер издвојува тешка победа над Барнли (1:0), Стоук славеше против Свонси (2:1), а ВБА и Кристал Палас одиграа реми без голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед започна конкретни преговори за Воткинс

Манчестер Јунајтед го засилува својот интерес кон напаѓачот на Астон Вила Оли Воткинс. “Цр…