Натпреварот беше таков каков што посакуваше Клоп, Свонси денеска немаше никакви шанси.
Ливерпул после денешниот натпревар стана екипа која постигнала најмногу погодоци во ПЛ после првопласираниот Манчестер Сити.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фантастичниот, убиствен напад на Ливерпул денеска беше на највисоко ниво, фудбалерите на Свонси немаа начин како да ги запрат Кутињо, Салах и Фирмино. Црвените остварија висока победа со 5:0.
Веќе после шест минути игра видовме погодок, Кутињо беше стрелец по асистенција на Салах , топката одеше толку брзо да голманот на Свонси немаше шанси да реагира. Прекрасен погодок за рано водство на Ливерпул.
Во вториот дел, Ливерпул повторно почна надмоќно. По една одлична нафрлена топка од Кутињо, грешка на противничката одбрана Фирмино искористува и му носи на Ливерпул водство со 2:0.
Во продолжение, Салах се најде во неколку шанси за 3:0, но без реализација. Во 65. минута од натпреварот по една одбиена топка Александер Арнолд со силен прецизен удар носи нова радост на Енфилд.
Нормално, Ливерпул кога го разиграте, а до крајот на натпреварот имате уште 25 минути, не предстои ништо друго туку да примите уште голови и да бидете спремни на уште.
Во 66. минута продор по десната страна на Мохамед Салах кој беше несебичен и асистираше кон Фирмино, на кој не му беше тешко да ја спроведе топката кон празната мрежа.
83. минута а Ливерпул не знае за доста. Окс Чемберлејн беше најснаодлив во шеснаесетерецот и става точка на натпреварот.
Податокот дека Мињоле својата прва озбилна интервенција ја имаше во последната секунда од натпреварот доволно говори за односот на силите денеска на Енфилд.
Ливерпул со оваа победа се враќа на 4. позиција на табелата со 38. бодови, со 4 помалку од Челси, 5 од Јунајтед и 17 зад Манчестер Сити. Свонси, од друга страна, закован на дното, останува на само 13 освоени бодови.