Реал Мадрид вчера убедливо со 5:2 го победи Реал Сосиедад, а пред натпреварот, Серхио Рамос уште еднаш ги шокираше соиграчите и јавноста со неговиот невообичаен стајлинг.
Неодамна, Рамос на Инстаграм објави фотографија поради што беше исмеан, бидејќи имаше сино палто и сина капа. Оваа комбинација не му беше успешна, па сега се обиде со „црвено“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега повторно сакаше да изгледа поинаку од останатите, а неговиот нов стајлинг го насмеа Карвахал, кој слатко му се смееше кога го погледна Рамос во автомобилот.
Но, мора да се признае дека се подобри во однос на неодамнешната комбинација.