Италијанскиот гигант Милан е исклучително активен на трансфер пазарот и сака да создаде тим кој конечно ќе избори пласман во Лигата на шампиони.
Најново засилување на „росонерите“ ќе биде напаѓачот на Лил и португалски репрезентативец Рафаел Леао.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
20-годишниот Леао имаше одлична сезона во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат вкупно 35 милиони евра.
Во трансферот ќе биде вклучен и младиот играч на „росонерите“ Тиаго Џијало, кој е проценет на 5 милиони евра, а останатите 30 ќе бидат во кеш.
Младиот напаѓач денес пристигна во Милано каде треба да ги мине леркарските прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.
#Milan, #Leao è arrivato in #Italia. I dettagli ?https://t.co/ZWlG3wpcHb pic.twitter.com/o3rAa0GKax
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 30, 2019