Дома Фудбал Италија Видео: Нова голеада во Серија А, шест гола за 30 минути

Видео: Нова голеада во Серија А, шест гола за 30 минути

Сасуоло и Фиорентина одиграа фантастичен натпревар, кој на крајот заврши без победник, иако беа видени шест гола.

Во првото полувреме мрежите мируваа, но во второто видовме вистинска голеада. Сасуоло дојде до водство со голот на Данкан во 63 минута, а пет минути подоцна Бабакар зголеми на 2:0. Неизвесноста ја врати Симеоне кој погоди за 2:1 во 70та минута.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сенси зголеми на 3:1 во 8-та минута и кога се чинеше дека трите бода ќе останат на „Мапеи“, Фиорентина се врати со два гола. На 3-2 намали Бенаси во 89 минута, а во 96-та минута погоди Миралас за конечни 3-3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англиски фан стана хит: Се заглави во ротирачката врата на стадионот во Тирана (Видео)

Англиски фан се најде во необична ситуација кога се заглави во ротирачката врата на стадио…