Чикаго, Феникс и Портланд забележаа победи во трите натпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.
Чикаго славеше во дуелот со Голден Стејт 94:87. Вицешампионите во НБА лигата, на претходните 146 натпревари немаа забележано два порази во низа, а таа серија ја прекинаа во Чикаго.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Булси предводени од Џими Батлер (22 поени, 6 асистенции, 5 скокови, 4 украдени топки) и Боби Портис (17 поени, 13 скокови) забележаа значајна победа во борбата за плејофовот во Источната конференција.
Од друга страна Голден Стејт беше далеку од вооничаеното ниво, а на теренот се почувствува отсуството на Кевин Дурент. Стеф Кари беше најефикасен со 22 поени, а Клеј Томпсон постигна 13 поени, но овие двајца погодија само три тројки од 22 обиди.
Победа синоќа запиша и Феникс во дуелот со Шарлот од 120-103. Маркес Крис за домашните постигна 17 поени, а го следеа Алан Вилијамс и Ти-џеј Ворен со по 15 постигнати поени. Кај гостите се издвои Кемба Вокер со 26 поени.
Демијан Лилард постигна 33 поени и го предводеше Портланд до триумоф над Оклахома 114:109. Покрај Лилард одличен меч одигра и репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ кој имаше 18 поени, 12 скокови, 6 асистенции и 5 блокади.
Оклахома ја предводеше Расел Вестбрук со 45 поени, 8 скокови и 6 асистенции, но останатите челенови на стартната петорка заедно постигнаа само 12 поени.