Дома Фудбал Италија Видео: Наинголан го замолкна „Џузепе Меаца“, ново реми за Интер

Видео: Наинголан го замолкна „Џузепе Меаца“, ново реми за Интер

Фудбалерите на Интер не успеаа да го победат Каљари на домашен терен и одиграа само 1:1, што беше трето реми со ред за тимот на Конте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот започна одлично за „нероаѕурите“ кои поведоа во 29-та минута со голот на Лаутаро Мартинез. Новото засилување Ешли Јанг испрати одлична асистенција, а на Аргентинецот не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Тоа го разбуди Каљари, кој почна да напаѓа и создаде неколку шанси до крајот на полувремето, но Хандановиќ беше одличен на голот.

Во второто полувреме гледавме неколку спорадични шанси на двете стани, па во 78-та минута Наинголан му се одмазди на „нероаѕурите“ и погиди за конечни 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити се интересира за ѕвездата на Ливерпул

Манчестер Сити сериозно размислува за голем трансфер на Алексис Мек Алистер, играч од сред…