Десетина хулигани, по кои трага полицијата, синоќа со камења, шишиња и факли во стариот дел на Мостар нападнале група навивачи на фудбалскиот клуб Абердин од Шкотска.
Тројца од шкотските навивачи добиле телесни повреди и биле пренесени во болницата во Мостар.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Инцидентот го потврди и портпаролот на мостарската полиција, Људевит Мариќ, кој појасни дека тројца државјани на Велика Британија побарале лекарска помош.
По нападот, хулиганите избегале од местото каде што се случил инцидентот.
Коментари