Дома Фудбал Останато Видео: Момент за историја – досуден пенал со помош на видео снимка!

Видео: Момент за историја – досуден пенал со помош на видео снимка!


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


На Светското клупско првенство во Јапонија се случи историски момент за фудбалот, откако за прв пат беше досуден пенал со помош на видео технологија и повторена снимка.

Станува збор за експеримент на ФИФА што се испробува токму на ова натпреварување, со кој неколку судии во текот на целиот натпревар со помош на специјална технологија ги разгледуваат спорните ситуации и имаат можност да го комуницираат главниот судија и да му сугерираат да ја промени својата одлука.

Унгарскиот судија Касаи со помош на видео технологијата ја прекина играта и досуди пенал во корист на Кашима кој претходно не успеа да го забележат тој и неговите помошници.

Дефанзивецот на Кашима, Даиго Ниши беше фаулиран во шеснаесетникот од страна на противнички играч. Касаи во прв момент не го забележа добро дуелот помеѓу двајцата фудбалери, но откако му беше јавено дека има спорна ситуација, тој се упати крај аут линијата ја прегледа повторената снимка и покажа на белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се повреди засилувањето на Њукасл од 44 милиони евра, го чека пауза од неколку месеци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Викендов Њукасл славе…