По петти пат во историјата, младата репрезентација на Шпанија е европски шампион за играчи до 21 година!
Шпанците во финалето ги надиграа своите врсници од Германија и заслужено се искачија на врвот на Европа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Резултатот беше отворен на стартот од мечот, Фабиан Руиз постигна фантастичен гол и заслужено на крајот беше избран за МВП на првенството.
Младите „панцери“ вториот дел го започнаа поофанзивно, па во 69-та минута преку една контра Дани Олмо стави печат на победата на Шпанија постигнувајќи гол за 2:0.
До крајот упорните Германци успеаа само да го ублажат поразот со голот на Амири на две минути пред крајот.
https://youtu.be/4JU98YKKrxk