Палермо го направи најголемото изненадување во Серија А, откако одигра 1:1 против Наполи, а херој за Сицилијанците беше Илија Несторовски.
Новиот тренер на сицилијанците, Лопез, во стартната постава ги стави двајцата Македонци, Александар Трајковски и Илија Несторовски и успеа да остане непоразен против Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палермо го шокира Наполи по само шест минути игра кога по центаршутот на Пецела, Несторовски го совлада Реина. Македонскиот репрезентативец го постигна осмиот гол во Серија А.
Наполи израмни во 65-та минута кога голманот Посавец, направи неверојатен кикс по ударот на Мертенс. До крајот Наполи имаше уште три добри шанси, а Инсиње во 92-та минута не го погоди празниот гол.