Фудбалската репрезентација на Англија на гости со 3:1 ја совлад Финска во четвртото коло од Б Лигата на нации.
По првото полувреме водеа Англичаните со голот на Грилиш во 18 минута. За 2:0 се погрижи Александер-Арнолд во 74 минута, а во листата на стрелците се запиша и Рајс во 84 минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на мечот Финците успеаја само да го ублажат поразот преку Хосконен во 87 минута.
Во групата 2 Грција има девет бодови од три натпревар, следува Англија исто така со девет, три има Република Ирска, а последна е Финска без бодови.
Во Б сегментот од Лигата на нации се одигра уште еден меч, Словенија со 1:0 славеше над Казахстан на гостински терен. Единствениот погодок на мечот беше дело на Млакар во 55 минута на стадионот во Алмати.
На табелата во групата 3 Норвешка од три натпревари има седум бодови колку и Словенија на втората позиција. Австрија е третопласирана со четири, а последен е Казахстан со еден бод.
Мајсторијата на Александер- Арнолд може да ја погледнете во продолжение.