Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул и Хал полуфиналисти во Лига купот!

Видео: Ливерпул и Хал полуфиналисти во Лига купот!

Ливерпул и Хал се првите учесници во полуфиналето на англискиот Лига куп. „Црвените“ со 2:0 славеја против Лидс, додека Хал по изведувањето на пенали го елиминира Њукасл.

Ливерпул во комбиниран состав отпорот на Лидс го скрши во последните 15 минути од натпреварот. Најпрвин Ориги погоди на асистенција на 18-годишниот Александер-Арнолд, а конечниот резултат го постави уште еден тинејџер Вудбрин.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Њукасл и Хал мечот го решија по изведувањето на пенали. По 90 минути игра немаше голови, а во дополнителните 30 минути резултатот беше 1:1. Дијаме постигна гол за Хал, а израмни Сноуграс.

Хал во полуфиналето мина со 3:1, откако пенали за Њукасл не реализираа Шелви, Гајл и Гуфран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хулиган за време на дербито во Далмација удри голман, па тргна сам кон навивачите на противникот (Видео)

Во далматинското дерби, Шибеник во 9-то коло од Третата НЛ југ го победи Задар на гости со…