Лацио беше единствената екипа која запиша гостинска победа во попладневните натпревари во Серија А.
Тимот од Рим фантастично го започна натпреварот против Сасуоло и после само неколку минути игра дојде до водство преку Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нова радост за римскиот тим донесе искусниот Имобиле од пенал, додека конечните 0-3 го постави Милинковиќ-Савиќ со својот втор гол на овој меч.
Фиорентина стигна до важна победа против Киево со 1:0, а човек на одлука беше Бираги на самиот старт на мечот.
Домашни повреди остварија и Сампдорија против Удинезе (2:0) и Верона против Торино (2:1).