Кошаркарот на Баерн, Нихад Џедовиќ е мета на бројни луѓе кои го сретнуваат во јавноста, но не толку поради кошаркарскиот квалитет колку што е неговата сличност со Златан Ибрахимовиќ.
Зарем ова не е Златан Ибрхаимовиќ?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму ова е прашањето кое си го поставуваат многумина кои ќе го сретнат Џедовиќ на улица.
Џедовиќ е кошаркар на Баерн, а ова лето го промени имиџот и пушти подолга коса како и Златан. Луѓето на улица го влечат и се обидуваат да разговараат со него.
„Златан е Балканец, односно има гени од просторите на поранешна Југославија. Мислам дека луѓето го гледаат него во мене. Откако пуштив подолга коса секој ден некој ме тагира на Инстаграм и Твитер“, изјави Нихад во разговор за официјалниот канал на Евролигата и откри една интересна анегдота.
„Ова лето бев во Париз три дена и секој втор човек ме запре за да се фотографира со мене мислејќи дека сум Златан. Тоа е неверојатно“, откри Џедовиќ.
I am NOT @Ibra_official…
I am @NihadDjedovic pic.twitter.com/fI0T1RRDOx
— EuroLeague (@EuroLeague) November 27, 2018