Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Игуаин објасни кого бараше на трибините на „Сан Паоло“

ВИДЕО: Игуаин објасни кого бараше на трибините на „Сан Паоло“

Фудбалерите на Јувентус синоќа славеа на гостувањето против Наполи (1:0) во големото дерби од 15. коло на италијанската Серија А.

Наполи пред синоќешниот натпревар беше прв на табелата во Серија А со четири бода повеќе во однос на Јуве, но „Старата дама“ сега успеа да се доближи до само еден бод зад ривалот Наполи. Работата да биде уште полоша за домашните навивачи, работата ја заврши нивниот „смртен“ непријател, Гонзало Игуаин кој го постигна единствениот гол.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач стана една од најомразените личности во Наполи, откако дресот на Наполи одлучи да го замени со оној на Јувентус. Сепак, иако даде гол против поранешниот клуб, Игуаин одлучи да го прослави, што уште повеќе ги налути домашните навивачи. Сепак, она што беше во центарот на вниманието е интересната рекација на Игуаин по голот кога на трибините со поглед бараше некако. По натпреварот, Аргентинецот откри зошто така го прославил голот и кого се обидувал да најде меѓу навивачите.

„Го барав претседателот на Наполи, Аурелија Де Лаурентис, но не можев да го најдам. Можеби едноставно се сокрил“, изјави Игуаин по натпреварот.

Познато е дека Де Лаурентис е еден од виновниците што Аргентинецот го напушти Наполи, а нивниот однос дополнително се влоши по трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…