Прашање за дискусија, но на оние кои им е фаворит Стеф Кари сега имаат навистина силен адут…
Стеф Кари е кошаркарот на кој му беа потребни најмалку натпревари во кариерата да стигне до бројката од 2.000 погодени тројки во историјата на НБА лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бекот на Вориорсите до овој подвиг стигна после 227 одиграни натпревари. Кари со тоа стана осмиот кошаркар во најсилната лига со погодени 2.000 шутеви од линијата надвор од 7.24.
Во тоа друштво се Реј Ален (2.973), Реџи Милер (2.560), Џејсон Тери (2.243), Пол Пирс (2.143), Кајл Корвер (2.109), Џамал Крофорд (2.080) и Винс Картер (2.057), но како што кажавме на Кари му беа потребни најмалку натпревари.
Освен тоа Кари има најдобар процент на успешност од сите од оваа група 43.5%.