Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Дали видовте што направи Мбапе пред пеналот на Сент Етјен?

ВИДЕО: Дали видовте што направи Мбапе пред пеналот на Сент Етјен?

Фудбалерите на ПСЖ синоќа ремизираа на гостувањето против Сент Етјен (1:1) во рамките на 32. коло од француската Лига 1.

Парижаните сигурно дека очекуваа нови три бода на гостувањето против Сент Етјен, но на крајот со многу среќа дојдоа до бод. Домаќините поведоа со голот на Кабела во 17. минута, а десет минути подоцна можеа да го удвоат водството.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кабела ја превзеде одговорноста од белата точка, но неговиот удар го одбрани голманот на Парижаните. Арелоа го послуша Мбапе кој упорно му укажуваше на која страна ќе шутира Кабела.

ПСЖ до бод стигна во втората минута од продолжението кога сите веруваа дека натпреварот е завршен. Тогаш Дебуши со автогол „ги спаси“ Парижаните од третиот пораз сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Jувентус може да добие засилување од Реал Мадрид!

Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус има намера да го засили нападот во јануари, …