Дома Фудбал Англија Видео: „Граѓаните“ се прошетаа низ Лондон, Арсенал продолжува да тоне

Видео: „Граѓаните“ се прошетаа низ Лондон, Арсенал продолжува да тоне

Манчестер Сити полесно од очекувањата го победи Арсенал на гостувањето на „Емирати“(0:3) и ги турна „топџиите“ во уште поголема криза.

Сити го реши натпреварот во првото полувреме, а херој за „граѓаните“ беше фантастичниот Кевин де Брујн.

Арсенал издржа само две минути против актуелниот шампион, кога после една фантастична акција Жесус му асистираше на Де Брујн. „Граѓаните“ продолжија да го контролираат мечот и да создаваат шанси, па во 15-та минута Стерлинг зголеми на 2:0.

Де Брујн одличната партија ја круниса со уште еден гол од работ на шеснаесетникот за 3:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аријан Адеми стрелаше за Динамо Загреб (Видео)

Динамо Загреб по првото полувреме води со 0:2 на гостувањето кај Вараждин. Водство за гост…