После две сезони поминати во дресот на Пик Сегед, рускиот репрезентативец Сергеј Горбок се враќа во екипата на Вардар. Левиот бек настапуваше за црвено-црните во сезоните 2014/15 и 2015/16, после што се пресели во Унгарија. Изминатите две сезони во тимот на Пик Сегед успеа да постигне вкупно 94 голови во Лигата на Шампионите и да биде еден од најдобрите стрелци во екипата која ја предводи Пастор.

Погледнете дел од неговите голови во екипата на Сегед, несомено заедно со Горбок ќе претставуваат голема опасност по противничките голови на таа лева бековска позиција. За Вардар во двете одиграни сезони, Горбок постина 104 голови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Македонската ракометна репрезентација денеска официјално ги стартуваше подготовките за нас…